Одржана креативна работилница во ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп

Одржана креативна работилница во ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп

По повод денот на вљубените, 14-ти февруари, волонтерите и тимот на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар – Инфо СЕГА и Младински Совет Прилеп, одржаа работилница во ООУ „Гоце Делчев“.

На работилницата присуствуваа 19 ученици од шесто одделение, кои заедно со нивната професорка по француски јазик, Ирена Наумоска и волонтерите, изработија картички и подароци, и пишуваа споменки на неколку јазици.

Целта на работилницата беше да им се претстави на учениците од основното училиште како се слави денот на вљубените во државите од каде што се волонтерите.

 

Тимот на Инфо СЕГА ќе продолжи со спроведување на работилници на најразлични теми во училиштето.


Print   Email