Регионална конференција на тема „Младинската работа во борба со насилниот екстремизам“

Регионална конференција на тема „Младинската работа во борба со насилниот екстремизам“

 Регионална конференција на тема „Младинската работа во борба со насилниот екстремизам“ која се одржа 15 и 16 февруари во Подгорица, Црна Гора.

Претставници на Коалиција СЕГА и Младинските Информативни Центри „ИНФО СЕГА“ од Кавадарци и Прилеп учествуваа на регионална конференција на тема „Младинската работа во борба со насилниот екстремизам“ која се одржа 15 и 16 февруари во Подгорица, Црна Гора.

 

Целта на конференцијата беше да се идентификуваат ефективните практики во младинската работа кои ќе придонесат за спречување на насилен екстремизам кај младите во регионот.

 

На првиот ден на конференцијата се дискутираше за двигателите на насилниот екстремизам и стимулациите кои придонесуваат за нејзиниот развој.

Во текот на вториот ден од конференцијата се дискутираше за улогата на младинската работа во борбата против насилниот екстремизам и улогата на граѓанските организации, а особено на младинските работници во овој процес. На вториот ден, учесниците интензивно работеа во 3 тематски групи. Тематските групи беа на ниво на Владата, меѓународните актери и на ниво на млади и граѓанско општество.

 

Конференцијата е дел од проектот "Отпор на млади кон радикално и екстремно однесување", имплементиран од Форум МНЕ во партнерство со Коалиција на младински организации СЕГА, “DamaD” -Србија, “PRONI” Центар за младинска работа - Босна и Херцеговина, Институт за демократија и посредување –Албанија и “FIQ” форум за граѓанска иницијатива-Косово.

 

Проектот е финансиран од Балканскиот фонд за демократија, проект на германскиот Маршалов фонд на САД.


Print   Email