Повторно одбележан 21-ви февруари, „Меѓународниот ден на мајчиниот јазик“

Повторно одбележан 21-ви февруари, „Меѓународниот ден на мајчиниот јазик“

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, тимот на ИНФО СЕГА Прилеп по шести пат објави конкурс заедно во соработка со СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп.

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик  21 февруари, (според календарот на УНЕСКО) се одбележува секоја година, уште од февруари 2000 година, за да се промовира јазичната и културната разновидност и повеќејазичноста. Датумот го претставува денот во 1952 година, кога студентите демонстрирајќи за признавање на нивниот јазик, Бангла, како еден од двата државни јазици во тогашен Пакистан, биле застрелани и убиени од страна на полицијата во Дака.

Овој ден Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА, го прослави преку организирање на настан по повод конкурсот со тема: „Мајчин јазик – јазикот на творење, изразување, чувствување“, каде што беа наградени најдобрите дела кои учествуваа на ИНФО СЕГА конкурсот.         

Трите најдобри литературни творби (од вкупно 17) беа наградени со книги и сертификати, а од сите испратени творби кои учествуваа на овој конкурс веќе е направена оn-line збирка со литературни творби.

-        Творбата која освои прво место беше на авторот Николче Мојсоски од III-2 клас, а насловот на истата е „Пространство“;

-        Творбата која освои второ место беше на авторот Благица Наумова од II-1 клас, а насловот на истата е „Желба“;

-        Творбата која освои трето место беше на авторот Ајнур Ризоски од IV-5 клас, а насловот на истата е „За Јелена“.

Исто така, тимот на ИНФО СЕГА Прилеп изразува голема благодарност до професорките: Билјана Тинтоска, Жанета Видевска, Оливера Димитријоска и Лидија Ристеска.

 


Print   Email