Во Кавадарци се оддржа инфо ден за кампањата „365 работнички права за млади“

Во Кавадарци се оддржа инфо ден за кампањата „365 работнички права за млади“

На ден 28.05.2018 на градскиот плоштад во Кавадарци се одржа првиот ИНФО ДЕН за кампањата „365 работнички права за млади“.
Оваа кампања се спроведува од 01-ви јануари 2018 и ќе трае во текот на цела година. 

Истата ја спроведуваат двата младински инфо центри на Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со fakulteti.mk и Конфедерација на слободни синдикати на Македонија КСС.


На инфо денот, младите се информираа за нивните права на работното место и што треба да преземат доколку е прекршено некое од нивните права. Им беа објаснети и обврските кои ги имаат тие како работници кон работодавачите, како и работодавачите кон нив.
Преку инфо деновите, работичниците и останатите активности кои се спроведуваат со оваа кампања ќе се делува кон зголемување на свеста на младите луѓе да разберат дека имаат права, но и да ги потсетиме дека имаат обврски кои треба да се почитуваат на работно место, како и тоа на кој начин, каде и како да се информираат за нив.


Наредна активност како дел од оваа кампања е едукативна работилница која ќе се одржи во просториите на Младинскиот Информативен Центар „ИНФО СЕГА“ Кавадарци.

Повеќе фотографии од настанот, може да видете на следниот ЛИНК.


Print   Email