Младите луѓе во с. Крушеани воопшто не се вклучени во процесите на донесување на одлуки

Младите луѓе во с. Крушеани воопшто не се вклучени во процесите на донесување на одлуки

На 03.09.2018 година во просториите на подрачното основно училиште „Манчу Матак“ с. Крушеани, о. Кривогаштани, Коалиција СЕГА во соработка со организациите МИРР и ЛАГ АГРО Лидер ја одржа и третата Локална дискусија со млади.

Целта на локалната дискусија беше да се се приберат мислењата на младите и граѓанските организации за нивните потреби на локално ниво и да се дадат препораки за нивна имплементација во соработка со донесувачите на одлуки т.е Општина Кривогаштани.

Со локалните млади се разговараше на повеќе теми пред се’ за нивните потреби за младинско информирање, начините на кои можат да учествуваат во процесите на донесување на одлуки на локално ниво, соработка со Совет на млади и со општина Кривогаштани, улогата на граѓанските организации на локално ниво и квалитетно користење на слободното време на младите преку активности.

На локалната дискусија присуствуваа 17 локални млади со кои се разговараше на темите за младинско информирање, младинско учество, користење на нивното слободно време, соработка со Совет на млади и со Совет на општина Кривогаштани, организирање на настани, поднесување на иницијативи и др.

Како поважни заклучоци од записникот за настанот се следните:

-На младите не им се обезбедени основни услови каде би можеле да го поминуваат слободното време

-Младите имаат потреба од финансиска поддршка од општината за организирање на настани и иницијативи на локално ниво

-Младите имаат потреба од заеднички простор каде ќе комуницираат меѓусебе

-Младите не се вклучени во процесите на донесување на одлуки

-Младите имаат потреба од функционална библиотека на локално ниво

-Основното училиште треба да воведе двосменска работа

Во состав на проектот „Застапување на Граѓанските Организации за активно младинско учество“, предвидени беа три локални дискусии кои веќе се реализираа во општина Кривогаштани во партнерство со Здружение за рурален развој, Локална акциска група - Агро Лидер и Младинска иницијатива за регионален развој - МИРР од општина Кривогаштани.

Преку активностите на локално ниво ќе се постигне поголема посветеност и капацитет на граѓанските организации кои ги застапуваат младите со цел да им се овозможи можност за учество во процесот на донесување на одлуки важни за младите во општина Кривогаштани.


Print   Email