Одржан првиот натпревар во шах во рамки на проектот „Преку спорт до подобар соживот“

Одржан првиот натпревар во шах во рамки на проектот „Преку спорт до подобар соживот“

Во градската библиотеката „Феткин„ на 10 февруари 2019г. се одржа турнирот во шах.Одлична организација и голема масовност. Натпреварите привлекоа голем број натпреварувачи, а целта беше во нив да се вклучат лица со попреченост и лица без попреченост.

Проектот „Преку спорт до подобар соживот“ е имплементиран од Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди Кавадарци во пар

тнерство со граѓанските организации Прогресс Плус Кавадарци, Инфо Сега Кавадарци и Коалиција на младински организации Сега од Прилеп кој има за цел лицата со попреченост да се оттргнат од маргините на општествениот живот, нагласувајќи ги своите силни страни.

По успешно спроведените инфо денови и едукативни работилници за млади од средните училишта и спортките клубови од Кавадарци, натпреварот во шах е првиот од серијата натпревари кои следуваат. На шаховскиот натпревар учествуваа 10 лица со попреченост и 10 лица без попреченост. Најдобар  беше Јанче Сакалиев втор Миле Атанасовски и трет Богоја Јошев. Во периодот што следува се очекуваат уште натпреварите во пинг-понг,атлетика и стрелање.

Проектот е дел од регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD, финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

-„Голема благодарност до УНДП и сите невладини Здруженија кои помагаат да се одржи ова и другите натпреварувања. Се надевам дека  ке го завршиме добро проектот, а исто така и остранатите спортски напреварувања ова пролет во атлетика и стрелаштво. Масовноста беше голема“ вели Николчо Делов претседател на Сојузот за спорт на лица со попречености-Кавадарци.

Сите фотографии од настанот може да ги видете на следниот линк.


Print   Email