Одржана интеркултурна размена во Песталоци

Одржана интеркултурна размена во Песталоци

Во периодот од 12ти до 26ти февруари 2019 година во Детското село Песталоци - Троген, Швајцарија се одржа интеркултурна размена со млади од Македонија и Србија, во организација на Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со Детската Фондација Песталоци (Pestalozzi Children’s Foundation).

На оваа интеркултурна размена учествуваа 40 деца од 5 училишта од Прилеп, Битола, Охрид, Тетово и Дебар, заедно со 5 супервизори и 1 координатор.

За време на размената преку интензивна и интерактивна обука учесниците имаа можност да ги надоградат своите знаења во областа на антидискриминација, детски права, идентитет, но и да го зголемат својот личен развој како и тимската работа. Покрај обуката, учесниците имаа и шанса да се дружат со своите врсници од Србија, да споделат дел од својата култура и да создадат своја емисија на радио.

Покрај секојдневните активности во селото, учесниците имаа шанса да ги видат и природните убавини на селото преку планинарска дружба каде што со санки децата и супервизорите уживаа во дружбата на снегот.

За време на викендите преку екскурзии децата имаа шанса да ги видат и повеќето знаменитости од преубавата Швајцарија. Ги посетија градовите Луцерн, Цирих, водопадите на реката Рајна, како и музејот на природни науки Технорама.


Print   Email