Youth Impact Workshop

Youth Impact Workshop

На 9 април 2019 година во СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп се одржа работилница Youth Impact

Младинскиот информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА заедно со Коалицијата на младински организации СЕГА организираа работилница со средношколците од СОУ„Ѓорче Петров“ - Прилеп како дел од локалните активности на проектот Regional Youth Compact for Europe кој го спроведува АЛДА Скопје. Работилницата траеше 2 часа и учествуваа 34 учесници.

Во првиот дел од работилницата се дискутираше за прашањата што ги третира ова поглавје: невработеноста на младите и дискриминацијата. Ние како држава треба да ја намалиме невработеноста, но и да ја намалиме дискриминацијата при вработување,  не само дискриминацијата по етничка припадност, туку и по однос на пол и политичка определеност.

Во вториот дел од работилницата се дискутираше за високиот процент на невработени млади лица, кои се причините за тоа и како да сe намали невработеноста кај младите.

Преку дискусија, ученисниците ги искажаа своите мислења за тоа што очекуваат да се подобри за младите  при влез на Македонија во ЕУ и понудија предлози како да се намали невработеноста кај младите.

Како долгогодишен партнер на АЛДА Скопје, Коалицијата на младински организации СЕГА продолжува да работи со младите на локално ниво.


Print   Email