Проект SPRAY: Семинар за планирање на активности

Проект SPRAY: Семинар за планирање на активности

Во периодот од 26 до 28 мај 2019 година, во Басано дел Грапа во Италија, претставник на Коалиција на младински организации СЕГА беше дел од семинарот за планирање на активностите за проектот SPRAY (SPace Regeneration through Art by Youth)

Во неделата, на 26 мај делегати на сите партнери кои се вклучени во проектот SPRAY пристигнаа во Басано дел Грапа за подетално да ги споделат чекорите на проектот, како и да ја истражат локалната уметничка сцена и да ги откријат добрите практики кои ја комбинираат културата и социјалната инклузија, кои се веќе активни во областа.

Наредниот ден, учесниците на проектот ја започнаа својата работна сесија танцување заедно со Dance Well Practice во музејот Museo Civico во Басано. Подоцна се продолжи со дискусија за ангажирање на заедниците и урбаната регенерација. После дијалогот учесниците беа во прошетка низ улиците на Басано за да ја видат уличната уметност. На крајот од денот, преку работна сесија учесниците разговараа за идните активности во рамките на проектот.

На овој семинар, се испланираа активностите кои ќе се спроведуваат со SPRAY проектот, се одговорија отворените прашања на учесниците, како и се договори за идна секојдневна комуникација помеѓу учесниците и за размена на идеи и искуства.


Print   Email