Одржана креативна работилница „Career workshop“

Одржана креативна работилница „Career workshop“

На 16.4.2019 година во Економското училиште „Кузман Јосифоски - Питу“ се одржа едукативна работилница „Career workshop“.

Работилницата ја подготвија и ја реализираа нашите волонтери Ема Алкок од Америка, Нело Девал од Франција и Бегум Сејхан од Турција.

На работилницата им објаснивме на учениците како се пишува CV и како да се однесуваат на интервју за работа. Преку креативни игри и методи, на учениците им беше претставено како правилно да се однесуваат на интервју, што треба да прават, а што не треба за време на интервјуто и како претходно да се подготват. Исто така, им покажавме како правилно да напишат CV, на што да обрнат внимание при пишувањето и како да го привлечат вниманието на работодавачот.

Целта на работилницата беше да им дадеме на учениците уште од сега вистински насоки како да се подготвуваат за својата кариера.

Голема брагодарност до СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ што ни овозможи да ја реализираме нашата работилница и се надеваме дека ќе ја продолжиме соработката и во иднина.

Повеќе слики од работилницата можете да видите на следниот линк.


Print   Email