Летен камп во детското село Песталоци во Троген, Швајцарија

Летен камп во детското село Песталоци во Троген, Швајцарија

Во моментов, 18 учесници од Македонија присуствуваат на Летниот камп кој се одржува од 7 до 20 јули, во детското село Песталоци во Троген, Швајцарија.

За време на Летниот камп, учесниците ќе добијат знаења и вештини поврзани со безбедност и слобода, критичка употреба на медиумите, нема граници-нема нација, луѓе од места, глобални предизвици, како и меѓусебно разбирање, почитување и толеранција на вредностите меѓу различните култури.

По завршувањето на кампот задача на учесниците ќе биде да ги спроведат акционите планови што ќе ги подготват за време на кампот во нивните училишта, со цел да ги пренесат своите знаења до врсниците за темите со кои раководат за време на кампот, а во исто време да се присетат на прекрасните моменти за време на работилниците.

На овој летен камп, покрај учесници од Македонија, има учесници и од Србија, Хрватска, Турција, Украина, Русија, Молдавија, Полска и Швајцарија.

Летниот камп е дел од проектот "Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија", кој го спроведува Коалицијата СЕГА со поддршка на Детската фондација Песталоци.


Print   Email