Осварена студиска посета во Франција

Осварена студиска посета во Франција

Во периодот од 03 до 07 април тимот на Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА, заедно со извршниот директор на Коалиција СЕГА, советник од Локалната самоуправа Струмица и претставник од одделот ЛЕР на општина Штип присуствуваа на студиската посета за Мрежата за младинско информирање, Локалното партнерство и модалитетите на негово спроведување во Долна Нормандија, Франција.

Целта на оваа студиска посета беше да се проучи системот како функционираат Младинските Информативни центри во оваа област на Франција, претставниците од општините Штип и Струмица подобро да се запознаат со моделот на Младинските Информативни центри, размена на искуства и можности за понатамошна соработка меѓу Македонија и Долна Нормандија.

Оваа студиска посета е дел од проектот за децентрализирана соработка меѓу Македонија и Долна Нормандија, Франција поддржан од Регионалниот Совет за Меѓународна соработка од Министерството за надворешни работи на Долна Нормандија, невладината организација House of Europe од Caen и Коалицијата на младински организации СЕГА од Прилеп.


Print   Email