Доделени наградите за најдобри творби по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Доделени наградите за најдобри творби по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

На 12.3.2019 година тимот на ИНФО СЕГА ги додели наградите за најдобри творби на конкурсот што беше распишан по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Темата беше „Јазикот не е ѕид што разделува, туку мост што спојува“, а беа наградени следните ученици:

I место - Стефанија Сидороска,

II место - Николче Мојсоски,

III место - Мелек Мифтар.

На настанот што се одржа во Библиотеката во СОУ „Ѓорче Петров“ учество зедоа и волонтерите од ИНФО СЕГА и Младински совет - Прилеп. Тие се претставија со читање творби напишани на својот мајчин јазик.

ИНФО СЕГА изразува голема благодарност до Градската библиотека „Борка Талески“ за книгите што ни ги донира за овој настан и до СОУ„Ѓорче Петров“ - Прилеп што ни овозможи да го организираме овој настан. Се надеваме дека и во иднина ќе ја продолжиме соработката и ќе организираме повеќе вакви настани.


Print   Email