17 април, Европскиот ден на младинското информирање

17 април, Европскиот ден на младинското информирање

Оваа година се слави 25 годишнината од младинското информирање и сите  организации кои спроведуваат активности, проекти, информативни услуги за младите луѓе го слават овој ден. 

Од младинските работници низ цела Европа е побарано да организираат активности на овој ден, надевајќи се дека ќе им покажат на луѓето она што се случува во светот на младинско информирање и промоција на работата што следи. Информативните услуги може да бидат се она што се случува во вашата околина преку правото на добивање на лична поддршка и совети за своите проблеми, а на овој ден се слави посебно фактот дека младите можат да пристапат кон овие услуги бесплатно и со поддршка на младинските работници.

Оваа година Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА преку мотото "Feel Free to Ask"  за прв пат ќе го одбележи 17 април, Европскиот ден на младинското информирање преку серија активности во соработка со младинските организации од сите средни училишта од Прилеп и тоа: 

 

Драмски претстави 

-       Кога? - 12 и 13 април 2011 година. 

-       Каде? - Дом на културата Марко Цепенков. 

-       Кој ќе настапи? – Драмски претстави од сите средни училишта. 

      Натпревар во Пинг Понг 

-       Кога?  - 15 април 2011 година. 

-       Каде? - во салата за пинг – понг, Партизан. 

-       Кој ќе се натпреварува? – средношколски тимови од сите средни училишта. 

      Музички хепенинг 

-       Кога? - 16 април 2011 година од 12:00 – 14:30 часот. 

-       Каде? - во центарот на Прилеп кај фонтаната на Водовод. 

-       Кој ќе настапи? – Музички групи, пејачи, балетски групи и играорни групи од сите средни училишта од Прилеп. 

      Спортски натпревари во фудбал и кошарка 

-       Кога? - 18 и 19 април 2011 година. 

-       Каде? - во Универзална сала „Сонце“. 

-       Кој ќе се натпреварува? - средношколски тимови од сите средни училишта.


Print   Email