Одржани креативни работилници по повод „8ми Март“

Одржани креативни работилници по повод „8ми Март“

Работилница по повод 8ми Март – Денот на жената.

На 6 март 2019 година, Младинскиот информативен и советодавен Центар ИНФО СЕГА заедно со Младински Совет Прилеп и ЕВС волонтерите од Франција одржаа креативни работилници во ООУ „Рампо Левката“, подрачно училиште - с. Селце и ООУ „Гоце Делчев“ по повод 8ми Март - Денот на жената.

На работилницата учениците изработуваа честитки со мотиви за Денот на жената, пишуваа пораки, играа игри, се дружеа, учеа и се забавуваа. Младинскиот информативен и советодавен центар и Младински Совет Прилеп им се заблагодаруваат на учениците за нивното несебично гостопримство и отвореност за соработка, а посебна благодарност до наставничките Николина Николоска, Мариче Кусибојоска и Ирена Наумоска.

Младински информативен и советодавен центар и Младински совет – Прилеп заедно со локалните и ЕВС волонтерите ќе продолжат со спроведување на креативни работилници во сите основни училишта во Прилеп.


Print   Email