Одржани драмски аматерски претстави

Одржани драмски аматерски претстави

На 14 април во салата 105 во Домот на културата Марко Цепенков се одржа првиот дел од Драмските аматерски претстави во организација на младинската организација на СОУ Орде Чопела и Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА по повод одбележување на 17 април - Европски ден на младинското информирање.

Први настапија СОУ Гимназија Мирче Ацев и се претставија со монодрамата „Скитник“, а потоа настапи драмската група од  СОУ Орде Чопела со драмата - комедија „Паца за Австралија“.

На 15 април во салата 105 во Домот на културата Марко Цепенков се одржа вториот дел од Драмските аматерски претстави во организација на младинската организација на СОУ Орде Чопела и Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА по повод одбележување на 17 април - Европски ден на младинското информирање. Во вториот дел на драмските аматерски претстави, први настапија СОУ Ѓорче Петров и се претставија со драмата „Училиница“, а потоа настапи  СОУ Орде Ристе Ристески Ричко со монодрамата „Далеку“. 

Директорката на СОУ Орде Чопела им додели дипломи на најдобрите драмски групи кои настапија и тоа:

- Прво место доби драмата „Паца за Австралија“ во изведба на драмската група на СОУ Орде Чопела.

- Второ место доби монодрамата „Скитник“ во изведба на драмската група на СОУ Гимназија Мирче Ацев.

-Трето место доби драмата „Училница“ во изведба на драмската група на СОУ Ѓорче Петров.

На останатите учесници им беа доделени благодарници.

 

 

Оваа година, Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА преку мотото "Feel Free to Ask" за прв пат го одбележува 17 април, Европскиот ден на младинското информирање преку серија активности во соработка со младинските организации од сите средни училишта од Прилеп.  

 


Print   Email