Одржан Хуманитарен турнир во фудбал

Одржан Хуманитарен турнир во фудбал

На 18 април во Универзалната сала „Сонце“ се одржа Хуманитарниот турнир во фудбал во организација на младинската организација на СОУ Ѓорче Петров, СОУ Гимназија Мирче Ацев  и Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА по повод одбележување на 17 Април - Европски ден на младинското информирање.

Се одиграа девет натпревари меѓу тимовите од сите средни училишта. Трето пласиран е фудбалскиот тим на СОУ Орде Чопела, второ место освои фудбалскиот тим на СОЕПТУ Кузман Јосифоски Питу а прво место освои фудбалскиот тим од СОУ Ѓорче Петров. 

Овој настан имаше и хуманитарен карактер со цел помагање на малата Наташа Николоска од Прилеп, која има само 6 и пол години, поради нејзината ретка болест, сеуште не можи да оди и да зборува.

 

Исто така, утре на 19 април во Универзалната сала „Сонце“ ќе се одржи Хуманитарен турнир во кошарка во организација на младинската организација на СОУ Ѓорче Петров, СОУ Гимназија Мирче Ацев  и Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА и ќе настапат тимови од сите средни општински училишта од Прилеп.


Print   Email