Една година од отворањето на ИНФО СЕГА

Една година од отворањето на ИНФО СЕГА

Драги корисници на услугите на ИНФО СЕГА!!!

На 31 мај 2010 Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА започна со работа и цела година работи на полето на младинско информирање, едукација и советување. Во изминатата година беа постигнати огромни резултати во сите сфери и беа креирани нови пакети на услуги за младите луѓе од Прилеп. Во текот на мината година 200 млади директно побараа услуга во центарот, 2000 средношколци учествуваа на едукациите, околу 50 млади посетија работилници во центарот на тематиките младинско вработување и пеер едукација. Минатата година вкупните посети на нашата страна надминаа бројка од 110 000. Беа реализирани безброј настани за промоција, хепенинзи, штандови итн, со што беа опфатени околу 10 000 млади на кои им се делеше промотивен материјал и информации за нашиот центар.

 

Како дополнителни услуги кои ги понудивме во изминатата година беа бесплатниот интернет и жолтите страни за млади. Од месец јуни започнуваме да ја реализираме и една од најголемите активности кои центарот ги предвидува за оваа година – младинската картичка со попуст ИНФО СЕГА ПЛУС.

На 31 мај 2011 беше одбележан првиот роденден со сите партнери кои го дадоа својот максимум во поддршката на центарот изминатата година. На настанот присуствуваа градоначалникот на општина Прилеп г-дин Марјан Ристески и сите директори на средните училишта во нашиот град.

 

Нека ни е честит 1- от роденден и нека заедно со сите млади од општина Прилеп дочекаме уште многу други родендени и уште повеќе успеси!


Print   Email