Еднодневна работилница за тимска работа

Еднодневна работилница за тимска работа

На 05.07.2011 година, во паркот Могила во Прилеп, тимот на Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА одржа еднодневна работилница за тимска работа, промотивни и комуникациски вештини. На оваа работилница учествуваа 9 средношколци (волонтери во ИНФО СЕГА) кои преку неколку сесии за градење на тимот и игри на неформален начин се запознаа со терминот и значењето на тимската работа.

Целта на оваа работилница беше да се зајакне тимскиот дух и соработката на тимот на Инфо СЕГА и волонтерите, како и да се подобрат комуникациските вештини и вештините за промоција на волонтерите, што ќе придонесе кон поголем публицитет на Инфо центарот и привлекување на повеќе млади луѓе да го посетат нашиот Центар.

 

ИНФО СЕГА ќе продолжи да одржува работилници на интересни и актуелни теми, со што ќе овозможи поголема вклученост на младите од Прилеп.


Print   Email