Одржана креативна работилница во ОУ “Гоце Делчев” – Прилеп

Одржана креативна работилница во ОУ “Гоце Делчев” – Прилеп

Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА од Прилеп заедно со Младински Совет Прилеп и  ЕВС волонтерите, одржа креативна работилница на тема: Нова година и Божиќ.

 Во соработка со персоналот од основното училиште „Гоце Делчев“ – Прилеп,во работилницата учестуваа ученици од прво одделение. Целта на работилницата беше да се поттикне креативноста кај најмладите, па преку декорација на веќе изготвени новогодишни и божиќни украси да ги изразат своите желби за подароци од Дедо Мраз.

Покрај работата со децата и помошта во изработката на украсите, нашите волонтери дадоа свој придонес во декорацијата на училишните ходници.

Благодарност изразуваме и до наставничката Снежана Котева за сооработката и пријатната атмосфера. Нам ни е чест и задоволство да работиме во ваква атмосфера, во дружба со најмладите кои се желни за учење и работа. Работилницата ја завршивме со желба да се продолжи соработката.


Print   Email