12 август Меѓународен ден на младите

12 август Меѓународен ден на младите

Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА по повод 12 август- Меѓународниот ден на младите организираше средба на 10 млади со градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристески.

Целта на оваа посета беше младите да се запознаат со тековната работа на новата општина и нејзиното функционирање. На средбата стана збор за соработката на младите со институциите , а воедно младите имаа можност да ја разгледаат новата општинска зграда.

ИНФО СЕГА продолжува и понатаму да останува најдобриот пријател на младите да им помага, информира, обучува и да биде мост кој ќе им го овозможува пристапот до институциите.

Честит 12 август – Денот на сите млади во светот!

 Меѓународниот ден на младите се слави на 12 август секоја година со цел да ги признае напорите на млади луѓе во светот за подобрување на глобалното општество. Исто така, има за цел да промовира начини преку кои младите можат да се вклучат  и да станат се повеќе активни во правењето на позитивен придонес за нивните заедници. Многу активности и настани се случуваат во целиот свет на Меѓународниот ден на младите и ги промовираат придобивките што младите луѓе ги донесуваат во светот. Многу земји го одбележуваат овој глобален настан преку  вклучување на  младите на конференции поврзани со прашањата како што се образованието и вработувањето. Други активности  за одбележување на овој ден вклучуваат концерти и промовирање на младите во светот, како и разни спортски настани, паради и мобилни изложби каде можат да се покажат младинските достигнувања.


Print   Email