СРЕДБА НА МЛАДИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ОТВОРЕНАТА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА КОМУНИКАЦИЈА СО ГРАЃАНИ, ПРИЛЕП

СРЕДБА НА МЛАДИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ОТВОРЕНАТА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА КОМУНИКАЦИЈА СО ГРАЃАНИ, ПРИЛЕП

На 02.11.2012 година, со почеток од 11:00 часот Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА во рамките на Европската кампања „Право на младинско информирање - Отворено прашај!“,  организира средба на 30 млади средношколци со претставници на Отворената канцеларија за комуникација со граѓани во Прилеп. 

Целта на овој настан е да им го доближи на младите луѓе, донесувачите на одлуки и медиумите нивното право да прашуваат и да добиваат информации.Присутните млади ќе научат повеќе за проектот „Отворена канцеларија за комуникација со граѓаните“, младите ќе се сретнат со асистентите на овој проект и ќе слушнат повеќе за услугите кои ги имаат за нив, дали се отворени за помош на младите и поддршка на младински иницијативи и др.

 

Право на младинско информирање! е Европска кампања имплементирана од страна на ERYICA во партнерство со Советот на Европа. Кампањата обработува три клучни теми: социјална вклученост на младите луѓе, развој на демократијата и заедничко живеење во мултикултурните општества. 

Целта на кампањата е младите луѓе да разберат дека имаат право на информирање, право на пристап до информации од институциите на системот, информации од Младинските Информативни Центри (МИЦ), како и право да го поттикнат донесувањето на одлуки за да го гарантираат нивното право за информирање. 

Преку оваа кампања, „Право на младинско информирање“ - „Отворено прашај!“, ERYICA и Советот на Европа се стремат кон подигнување на свеста за улогата на младинското информирање со посебен акцент на правото на младите за пристап до информации. 

 

ИНФО СЕГА ги поканува сите заинтересирани млади да се вклучат во оваа активност.


Print   Email