ИДНИ ЕВС ВОЛОНТЕРИ ВО СЕГА И ИНФО СЕГА, ПРИЛЕП

ИДНИ ЕВС ВОЛОНТЕРИ ВО СЕГА И ИНФО СЕГА, ПРИЛЕП

Коалиција на младински организации СЕГА во текот на месец март 2013 ќе хостира 2 ЕВС волонтери од Франција. Проектот “Be Informed, Get Active!”е одобрен од програмата Млади во Акција преку Нацоналната Агенција за образовни програми и мобилност.

Двајцата волонтери од Франција ќе престојуваат една година во Прилеп и ќе волонтираат во канцеларијата на СЕГА и во Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА.

Волонтерите ќе бидат вклучени во програма на СЕГА и МИЦ ИНФО СЕГА кои ќе работат во областа на комуникација, младинско информирање и волонтерство. 

 

Ви најавуваме многу интересни работилници, активности и дружење со нив.


Print   Email