Обука на асистентите на Инфо Клуб Штип

Обука на асистентите на Инфо Клуб Штип

Коалиција на младински организации СЕГА спроведе три дневна обука за асистентите на Инфо Клуб Штип во период од 19.08.2020 до 21.08.2020 година.

На оваа обука асистентите се стекнаа со вештини за младинско информирање,практична работа на веб страница,изработување материјали во Canva. Во овие три дена асистентите се запознаа исто така со областа на кариерно насочување и правилно пишување на CV и Мотивационо писмо. Меѓу другото целта на оваа обука беше и планирањето на идните активности и настани за Инфо Клубот Штип.

Проектот Инфо Клуб Штип го спроведува Коалиција СЕГА со финансиска поддршка од UNDP.

 


Print   Email