ИНФО СЕГА одржа креативна работилница во ОУ Климент Охридски

ИНФО СЕГА одржа креативна работилница во ОУ Климент Охридски

На 22 април, 2016 година во ОУ Климент Охридски во времетраење од  два училишни часа беше одржана Креативна работилница по повод празникот Велигден.

Со цел реализирање на активностите на проектот „Build you future!Be a volunteer!“ се реализира оваа активност со цел поттикнување на креативниот дух кај учениците во Прилеп.

Оваа работилница ја одржаа ЕВС волонтерите Јоан, Анда и Албан од Франција и Романија со ученици од 4/3 одделение и во соработка со родителите.

На час по ликовно образование учениците со помош на волонтерите изработија велигденски украси кои наредната недела ќе бидат продавани на училишниот панаѓур.

Голема Благодарност до ОУ Климент Охридски за одличната соработка и во иднина ќе продолжиме да спроведуваме активности.

 

 

Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА од Прилеп, е проект кој што го спроведува Коалиција на Младински организации СЕГА. Основните цели на ИНФО СЕГА се информирање на младите за образование, стипендии, пратиканство и вработување како и давање на обуки и едукации од областа на младинското вработување, граѓанско образование, здравство и превенција. Сите услуги кои ИНФО СЕГА ги нуди за младите се бесплатни.


Print   Email