ИНФО СЕГА ЗАЕДНО СО МЛАДИНСКИ СОВЕТ ПРИЛЕП ЗАПОЧНАА СО ОДРЖУВАЊЕ НА РАБОТИЛНИЦИ „АЈДЕ ДА УЧИМЕ ЗА ЕУ“ ПО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ПРИЛЕП

ИНФО СЕГА ЗАЕДНО СО МЛАДИНСКИ СОВЕТ ПРИЛЕП ЗАПОЧНАА СО ОДРЖУВАЊЕ НА РАБОТИЛНИЦИ „АЈДЕ ДА УЧИМЕ ЗА ЕУ“ ПО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ПРИЛЕП

На 13 мај, 2013 година тимот на ИНФО СЕГА ја одржаа првата работилница „Ајде да учиме за ЕУ“ во СОУ Ѓорче Петров, Прилеп со ученици од трета година.

Оваа работилница е дел од проектот „Ајде да ја славиме Европа“ поддржан и одобрен од ЕУ Инфо центарот во Скопје кој има за цел да ја подигне свеста и да се промовира европската култура и вредности кај младите.

Работилницата беше интерактивна и се разработуваа  теми за ЕУ културата, вредностите на ЕУ и што значи ЕУ, но исто така и за европското граѓанство.

Во рамките на проектот планирани се 5 едукативни работилници "Ајде да учиме за ЕУ" во секое средно општинско училиште во Прилеп. Работилниците ќе се одржуваат во периодот од 13 – 17 мај, 2013 година.

Овие работилници ќе придонесат за образовниот процес на младите и ќе се зголеми нивната свест за Европскиот контекст во кој тие живеат. Со овие проектни активности ќе се промовираат европските вредности на младите луѓе кои ќе им помогнат да сфатат дека и  тие се исто така важен дел од Европа. Преку неформален пристап на овие работилници, со посебна игра "Ајде да учиме за ЕУ" акцентот ќе биде ставен на составот на ЕУ како што се: Институции во ЕУ, Европската комисија и Европскиот Совет и можностите за младите кои овие институции ги нудат. Во врска со наведеното, различни теми ќе бидат покриени, ќе им се презентира на учесниците идејата дека живеат и припаѓаат на една Европа, едно мултикултурно и социјално општество еднакво за сите.

 

Ова е единствена шанса за младите луѓе да научат повеќе за ЕУ преку неформален и креативен дел кој ќе даде голем придонес кон промоција на европските вредности и принципи во иднина. 


Print   Email