ОДБЕЛЕЖАН ПОЧЕТОКОТ НА КАМПАЊАТА „ЗА ПОДОБРО МЛАДИНСКО УЧЕСТВО СЕГА“

ОДБЕЛЕЖАН ПОЧЕТОКОТ НА КАМПАЊАТА „ЗА ПОДОБРО МЛАДИНСКО УЧЕСТВО СЕГА“

Во рамките на кампањата „За подобро младинско учество СЕГА“ на 21 мај 2013 година во салата на Градска библиотека Борка Талески – Прилеп беше организирана трибина на тема „Младинско учество на локално ниво“.

 На оваа трибина беше презентирана Европската Повелба за учеството на младите луѓе во локалниот и регионалниот живот и се дискутираше за потребата од младинско учество како и за моделите и механизмите кои функционираат во општина Прилеп.  Говорници на трибината беа Анастасија Илиеска – Советник во Советот на општина Прилеп, Александар Јованоски – претставник од Локална Самоуправа Прилеп и Зоран Илиески – Извршен директор на Коалиција на младински организации СЕГА.

Во текот на месец мај трибини на тема Младинско учество ќе се организираат во Скопје, Битола и Штип, а во текот на месец јуни ќе се организираат настани за цртање на графити и отворени денови во Локалните Самоуправи.

 

Кампањата „За подобро младинско учество СЕГА“ се  спроведува во рамките на Годишната програма на Коалиција СЕГА. Целта на кампањата е да ги информираме младите за моделите на младинско учество на локално ниво и заедно со младите луѓе, да ги поттикнеме донесувачите на одлуки да го гарантираат нивното право на учество.


Print   Email