ОДРЖАНА ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ИЗРАБОТКА НА ОНЛАЈН КАРИЕРНО ПОРТФОЛИО

ОДРЖАНА ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ИЗРАБОТКА НА ОНЛАЈН КАРИЕРНО ПОРТФОЛИО

(27 и 28 Мај 2013 год) во просториите на Младински Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА се одржа дводневна работилница за изработка на Онлајн Кариерно портфолио.

 Обуката беше организирана од Младинки Совет - Прилеп, со поддршка на УСАИД проектот Мрежа ЈЕС. Работилницата беше наменета за млади невработени кои ја имаа поминато Програмата за подготовка за вработување и за работа.

На учесниците им се презентираше основата и значењето на Онлајн кариерно портфолио како нов тренд во процесот на барање работа, кој им дозволува да изложат повеќе за себе отколку само нивното CV. Учесниците изработија свои кариерни портфолиа кои во иднина ќе им помогнат и ќе ги истакнат меѓу останатите кандидати при аплицирањето на универзитетите, при барањето работа и општо во развивањето на работната сила.

Фасилитатори на оваа обука беа вработените на УСАИД Мрежа ЈЕС и претставник на Младински Совет Прилеп.


Print   Email