На младите од Кривогаштани им е потребен заеднички простор каде ќе функционираат заедно

На младите од Кривогаштани им е потребен заеднички простор каде ќе функционираат заедно

На 27.08.2018 година во просториите на пензионерскиот клуб во о. Кривогаштани се одржа втората Локална дискусија со млади во соработка со организациите МИРР и ЛАГ АГРО Лидер.

Целта на локалната дискусија беше да се се приберат мислењата на младите и граѓанските организации за нивните потреби на локално ниво и да се дадат препораки за нивна имплементација во соработка со донесувачите на одлуки т.е о. Кривогаштани.

Со локалните млади се разговараше на повеќе теми пред се за нивните потреби за младинско информирање, начините на кои можат да учествуваат во процесите на донесување на одлуки на локално ниво, соработка со Совет на млади и со општина Кривогаштани, улогата на граѓанските организации на локално ниво и квалитетно користење на слободното време на младите преку активности.

На локалната дискусија присуствуваа 17 локални млади со кои се разговараше на темите за младинско информирање, младинско учество, соработка со Совет на млади и со Совет на општина Кривогаштани, организирање на настани, поднесување на иницијативи и др.

Како поважни заклучоци од настанот се следните:

  • Младите имаат потреба од организирање на работилници преку кои ќе се информираат за одредени можности
  • Младите сметаат дека е потребно да се воспостави на функционална веб страна на Советот на Млади на о. Кривогаштани, преку која тие ќе се информираат
  • Се јавува големо политичко влијание врз сите активности кои се организираат на локално ниво
  • Младите имаат потреба од финансиска поддршка од општината за организирање на настани и иницијативи на локално ниво
  • Младите не се вклучени во процесите на донесување на одлуки
  • Младите имаат потреба од функционална библиотека на локално ниво
  • Младите имаат потреба од заеднички простор (канцеларија) каде ќе комуницираат меѓусебе

Во состав на проектот „Застапување на Граѓанските Организации за активно младинско учество“, предвидени се три локални дискусии кои ќе се реализираат во општина Кривогаштани во партнерство со Здружение за рурален развој, Локална акциска група  Агро Лидер и Младинска иницијатива за регионален развој - МИРР од општина Кривогаштани.

Преку активностите на локално ниво ќе се постигне поголема посветеност и капацитет на граѓанските организации кои ги застапуваат младите со цел да им се овозможи можност за учество во процесот на донесување на одлуки важни за младите во општина Кривогаштани.


Print   Email