ИНФО СЕГА ЗАПОЧНА СО ОДРЖУВАЊЕ НА ЕДУКАЦИИ ПО СРЕДНИТЕ ОПШТИНСКИ УЧИЛИШТА ВО ПРИЛЕП

ИНФО СЕГА ЗАПОЧНА СО ОДРЖУВАЊЕ НА ЕДУКАЦИИ ПО СРЕДНИТЕ ОПШТИНСКИ УЧИЛИШТА ВО ПРИЛЕП

На 17 октомври 2013 година, тимот на Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА ги одржа првите едукации во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски - Питу“ со ученици од прва година.Во првото полугодие од учебната 2013/2014 година ИНФО СЕГА ќе бидат присутни во сите средни општински училишта во Прилеп.  

Во првото полугодие ќе се одржат 20 едукации во сите средни општински училишта на темите: „Заштита на личните податоци на интернет, со посебен осврт на заштита на личните податоци на социјалните мрежи“ и „Совети за полесно совладување на материјалот за учење“. Овие едукации се дел од програмските активности на Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА. 

 

Целта на овие едукации е средношколците подетално да се запознаат и да се информираат со кои проблеми можат да се соочат доколку не внимаваат со кого ги споделуваат нивните лични податоци и фотографии на социјалните мрежи, начини како да ги заштитат нивите лични податоци и да слушнат совети како полесно да го совладуваат материјалот за учење. Едукациите се од интерактивен карактер со доста интересни информации и факти за темите.

 

 

ИНФО СЕГА ќе продолжи со ваквите активности и во второто полугодие од учебната 2013/2014 година во средните општински училишта во Прилеп.


Print   Email