„ЗАЕДНО ВО БОРБА ПРОТИВ СИДАТА“

„ЗАЕДНО ВО БОРБА ПРОТИВ СИДАТА“

На 30 ноември 2013, (сабота) по повод 1ви декември Светскиот Ден за Борба против СИДА-та, Младински Совет Прилеп со поддршка од Коалиција СЕГА и ИНФО СЕГА, организираа настан со мотото „Заедно во борба против СИДА-та“ со цел да се подигне свеста кај младите луѓе за начините на превенција од ХИВ/СИДА-та.

Во кафе-баровите Арт-Кафе и Калипсо имаше поставено штандови каде што младите луѓе можеа да се информираат за начините на превенција од СИДА-та и да добијат бесплатни перзервативи. 

 

Голема благодарност до нашите поддржувачи на оваа кампања ДООЕЛ ИНТЕГРАЛ Тетово и КОМФИ АНГЕЛ кои донираа средства за реализирање на оваа активност. 


Print   Email