МУЗИЧКИ ХЕПЕНИНГ ПО ПОВОД НЕДЕЛАТА НА ДЕТЕТО

МУЗИЧКИ ХЕПЕНИНГ ПО ПОВОД НЕДЕЛАТА НА ДЕТЕТО

Коалиција на младински организации СЕГА по повод „Неделата на детето“ нa 10 октомври во Прилеп организираше музички хепенинг.

Целта на настанот е да се промовираат детските права. Децата кои учествуваа во хепенингот беа облечени во маички кои на предната страна имаа претставено по едно детско право. На настанот беа пуштени балони со хелиум на кои беа врзани пораки со детски права кои децата сакаат да ги имаат. Пораките беа собирани од анкетите и децата кои беа присутни на музичкиот настан. На 09 октомври 2014 беа спроведени 200 анкети во основните и средните училишта во Општина Прилеп, со цел да утврдиме колку децата се информирани за детските права, и кои права сакаат да ги имаат, а не се дел од Конвенцијата за правата на детето. 

Активностите по повод Неделата на детето се организираат во рамките на проектот „Промовирање на детските права и интеркултурната комуникација“, кој Коалиција на младински организации СЕГА го спроведува во партнерство со Совет за превенција од малолетничка деликвенција (СППМД) - Кавадарци, Македонскиот Центар за Граѓанско Образование (МЦГО) – Скопје и Мајка - Куманово и Центар за едукација и развој - Теарце, а со поддршка на Детската Фондација Песталоци.


Print   Email