ИНФО ДЕН ОДРЖАН НА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ- ПРИЛЕП

ИНФО ДЕН ОДРЖАН НА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ- ПРИЛЕП

По повод светскиот ден на волонтерството 5 декември, ИНФО СЕГА во соработка со Младински Совет Прилеп, одржа Инфо Ден во Економски факултет Прилеп.

На студентите им беа поделени промотивни материјали од програмата Еразмус + (програма на Европската Унија за образование, обука, млади и спорт) и беа подетално информирани за можностите кои ги нуди оваа програма .

Студентите исто така имаа можност да се  запознаат и да поразговараат со ЕВС волонтери од Франција, кои волонтираат во Инфо Сега, и да го поделат нивното искуство.

 

Инфо Сега и во иднина ќе продолжи да ги информира младите преку вакви активности.


Print   Email