ИНФО СЕГА ВО ПОСЕТА НА СОЦИЈАЛНИОТ КЛУБ ЗА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ „ПОРАКА“

ИНФО СЕГА ВО ПОСЕТА НА СОЦИЈАЛНИОТ КЛУБ ЗА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ „ПОРАКА“

На 29.12.2015 година, тимот на ИНФО СЕГА го посети Социјалниот клуб за лица со посебни потреби „Порака“ од Прилеп.

Целта на оваа посета беше ИНФО СЕГА да помогне во организирањето на предновогодишната забава за лицата со посебни потреби преку донирање на малку средства кои беа собрани од продажбата на рачно изработени честитки на предновогодишниот панаѓур во ОУ Климент Охридски. Исто така оваа посета беше прилика да се запознаеме со работата на Социјалниот клуб.

Присутните на оваа посетаза возврат добија силни и искрени прегратки, насмевки и благодарност од лицата со посебни потреби.

 

ИНФО СЕГА ќе продолжи со организирање на настани од ваков вид.


Print   Email