ИНФО СЕГА ГО ОДБЕЛЕЖА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК

ИНФО СЕГА ГО ОДБЕЛЕЖА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК

По повод одбележување на „Денот на мајчиниот јазик“ 21 февруари, Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА објави конкурс во СОУ Ѓорче Птеров, „Ајде да твориме на мајчин јазик“ на слободна тема за креирање на есеј, расказ, драма, поема и слично.

На 26.02.2016 година во просториите на Библиотеката на СОУ Ѓорче Петров со почеток од 12:00 часот беше одржан настан и официјално беа доделени симболични награди, книги и  благодарници на учениците за најдобрите дела. Овој настан имаше за цел да ги поттикне младите да творат на мајчиниот јазик. На настанот присуствуваа ученици, професори, директорот на СОУ Ѓорче Петров и ЕВС волонтерите од ИНФО СЕГА.

Наградени за најдобри творби се учениците:

-       Сара Дамевска – „Мојот дневник раскажува“ од 2/3 клас

-       Николче Мојсоски – „Тагата на еден поет“ од 1/ 2 клас

-       Елена  Пачешкоска – „Очи“ од 3/8  клас.

На настанот промовирана беше и книгата на младата писателка Мартина Соколоска  која ќе биде издадена наредниот месец.

ИНФО СЕГА ќе продолжи со активности од ваков тип.

 

Најдобрите творби ќе бидат објавени во електронска збирка на нашите web страната www.infosega.org.mk.


Print   Email