Реализирана три дневна обука „Прв чекор да станеш активен млад човек“

Реализирана три дневна обука „Прв чекор да станеш активен млад човек“

Денес во Дојран започна обуката „Прв чекор да станеш активен млад човек – Механизми за младинско учество во процесите на донесување одлуки“ како дел од „Локален фонд за млади“.

На обуката учествуваат 8 волонтери на Младински информативен центар „ИНФО СЕГА“ Кавадарци, Прогресс плус Кавадарци и Совет на млади на Општина Кавадарци кои ќе се запознаат со основните механизми за младинско учество во процесите на донесување на одлуки и ќе стекнат вештини за успешна испорака на врсничка едукација (комуникациски вештини, презентерски вештини и давање на повратна информација, користење на различни техники за обука...).

Оваа тридневна обука е дел од проектот „Вклучи се и ти, заедно да сме активни“  кој е поддржан од младинскиот фонд на Балканската регионална платформа за младинско учество и дијалог, кој се реализира веќе четврта година на регионално ниво од страна на 7 Агенции за локална демократија и АЛДА Скопје во 5 балкански земји. Преку локални и регионални активности, платформата има за цел да ја зголеми свеста за младинското учество, младинскиот активизам и можностите за младите луѓе да создаваат и да бидат дел од донесувањето одлуки.“

Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА во партнерство со седум Агенции за локална демократија од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово и АЛДА Скопје, го спроведуваат проектот „Регионална платформа за младинско учество и дијалог на Балканот“ во рамките на ИПА Оперативниот грант за развој на граѓански организации, со поддршка на Европската комисија во рамките на ИПА.


Print   Email