6-ТИ РОДЕНДЕН НА ИНФО СЕГА

6-ТИ РОДЕНДЕН НА ИНФО СЕГА

Да ни е честита шестата година од постоењето на Младински Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА во Прилеп и заедничкиот напор да направиме неопходен и корисен центар за младите. 

Основната цел на постоењето на ИНФО СЕГА е навремено да ги информираме младите со корисни информации, да ги едуцираме и  советуваме на интересни теми. Целта на нашето постоење беше постигната преку голем број на креативни работилници, обуки, активности и настани наменети за младите, а во изминатите шест годинипостоење ИНФО СЕГА постигна и повеќе од планираното. Секојдневно ги информиравме младите за најновите информации за конкурси, стипендии, огласи за работа, настани, а на барање на младите преку новиот изглед на нашата веб страна www.prilep.infosega.org.mk  додадовме нови категории кои се интересни и едукативни за нив.

 

На почетокот на месец јули 2016 година, по повод 6-от роденден на ИНФО СЕГА и 17-от роденден Младински Совет Прилеп во центарот на градот ќе се одржи голем музички хепенинг на кој заедно со вас младите ќе прославиме за досегашната соработка, со надеж за многу нови заеднички успешни активности во иднина.


Print   Email