Коалиција СЕГА беше гостин на GLOW & YMLP камповите организирани од ИМКА Битола

Коалиција СЕГА беше гостин на GLOW & YMLP камповите организирани од ИМКА Битола

Kоалиција на младински организации СЕГА учествуваше на двата GLOW и YMLP кампови, кои се едни од најистакнатите младински лидерски кампови во Македонија.

GLOW (Girls Lead Our World) и YMLP (Young Men Leadership Project) камповите се организирани од страна на ИМКА Битола заедно со Peace Corps волонтерите во Македонија, а се поддржани од неколку големи компании во Македонија.

На тие кампови се работи со млади на веќе докажаните успешни програми за лидерство, граѓанска одговорност, екологија, личен развој и зајакнување на дечките.

Во текот на истите, камперите истражуваа различни теми засновани на вработувањето.

Коалиција учествуваше на саемот кој беше финален настан на тие кампови преку користиње нови методи со цел да им се понуди на камперите едно врвно искуство, кое ги надминува придобивките од еден типичен саем за вработување.

Презентиравме кои вештини треба да ги поседуваат младите за да работат во НВО, кое образование треба да го имаат, но истовремено ги презентиравме и услугите на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар и тоа: кампањата за работнички права, летната креативна школа, а и останатите тековни активности на центарот.

На саемот воедно ја промовиравме и ЕВС програмата заедно со нашите волонтери Велин и Каталин.

Заинтересираноста можеше да се виде кај сите присутни кампери на овој саем чија бројка изнесуваше приближно 170 учесници.

Како што камперите научија нешто од нас, така и ние научивме од нив.

Имавме прекрасен помин.

ИМКА Битола Ви благодариме на поканата.


Print   Email