ДЕВЕТТА ЛЕТНА КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ВО ИНФОСЕГА ПРИЛЕП

ДЕВЕТТА ЛЕТНА КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ВО ИНФОСЕГА ПРИЛЕП

На денешната креативна работилница која се одржа на 10.08.2016 година учествуваа 21 дете на тема „Креирање приказна и емитување на истата на радио програма“ на младинското Радио ПУЛС.

Воведниот дел од активностите опфаќаше најразлични игри кои што ги исполнуваше децата со насмевки. На почетокот децата користеа реквизити како хулахоп со цел поттикнување и на нивниот натпреварувачки дух. Вториот дел од активностите ја опфаќаше главната цел, а таа беше читање на приказни и аудио емитување на истите на интернет Радио ПУЛС. На почетокот тие слушаа приказна која беше изведена на англиски јазик како еден пример за да знаат како треба да изгледа самото читање и воедно збогатување на нивниот вокабулар со нови англиски зборови. Следуваше моментот кога децата бираа приказни кои што ќе ги читаат, доделување на еднакви делови за презентирање од приказната и подготовки за нивна изведба. Целта на самата активност беше да се поттикне кај децата креативноста, да им се прикаже еден нов начин на читање и интерпретација. Децата имаа потполна слобода во изборот на начинот на кој што го изведуваа својот дел од приказната, давање на можност повторно да ја поттикнат својата креативност и употреба на својата фантазија. Една група својата приказна ја изведе на англиски јазик.

Евгенија (13 години) изјави за своето искуство: “ Беше многу убаво. Најпрво составувањето на приказните на англиски јазик и потоа и нивно читање и со тоа го збогативме речникот и научивме подобро да читаме”.

 

Откако останатите го снимија својот дел ги прашавме дали имаа трема, какво беше нивното искуство и какво е нивното мислење за самата активност на работилницата, па еве што изјавија..

Стефани и Марија (8 години) : “Ние немавме многу трема и научивме како да читаме побрзо”.


Симона (12 години): “Имав малку трема. Но денеска јас научив како подобро да ги почитувам интерпукциските знаци”.


Деспина (11години): “Јас исто така немав многу трема и ова ми беше едно прекрасно доживување и искуство”.

 


“When you know better, you do better.” – Maya Angelou
Работилницата ја одржаа тимот на ИНФО СЕГА Прилеп и EVS волонтерите од Италија.


Print   Email