Претставник на коалиција СЕГА учествуваше на обуката „Standard protocol procedure” во организација на YOUTH IN PROGRESS во Австрија

Претставник на коалиција СЕГА учествуваше на обуката „Standard protocol procedure” во организација на YOUTH IN PROGRESS во Австрија

Во организација на Youth in Progress Austria (YIP) во период од 17-24 Јули 2016 година се одржа проектот STANDARD PROTOCOL PROCEDURE во Deutschlandsberg, АВСТРИЈА , проект под рамките на програмата Erasmus+. На истиот активно учество земдоа седум земји, вкличувајќи ги: Македонија, Романија, Шпанија, Турција, Австрија, Грција и Полска. Она што е особено интересно е тоа што во проектот беа инволвирани повеќе од 15 организации од земјите претставници на истиот.

Главни цели на проектот:

Преку практична работа, запознавање со работата на проекти пристапни за сите, засновани на методите на неформална едукација

Проширување на хоризонтите при работа на inclusive youth work проекти

Обезбедување прецизни средства и алатки при организација на активности кои вклучуваат лица со попреченост, фокусирајќи се на физичката попреченост

Обезбедување на простор за разменување на искуство и практики помеѓу организациите дел од проектот, притоа зајакнувајќи ја соработката на Европско ниво.

Проектот опфаќа подолг временски интервал и се темели на три главни активности:

1) ТРЕНИНГ КУРС (17-24 Јули 2016 година)

Тренинг курсот беше стартната точка каде учесниците имаа можност да добијат теоретско и практично знаење во поглед на пристапноста на проектите и активностите на неформалната едукација.

2) ПРАКТИЧЕН ДЕЛ ( 25 Јули-4 Ноември 2016)

Претставува можност и простор учесниците да го преточат своето знаење во своите домашни организации и да дизајнираат сопствен проект базиран на пристапот “Достапен за сите” со конкретен фокус на лицата со физичка попреченост.

3) СЕМИНАР ЗА ЕВАЛУАЦИЈА (4-7 Ноември 2016)

 

Платформа на која учесниците ќе можат да ја презентираат програмата на која работеле во своите земји и вклученоста на нивните организации во подрачјето на работа со лица со физичка попреченост, согласно фактот што голем дел од учесниците за прв пат ќе имаат можност да дизајнираат активности од ваков тип во своите домашни организации.

 

Владо Цекиќ, како претставник на Коалиција Сега, го пренесува своето искуство од учеството на обуката.

“ Можноста да се биде дел од ваков тип на проект е искуство кое речиси е невозможно да се објасни со зборови. Богатството на ваков проект лежи во можноста да гледаме на работите од различна перспектива, перспектива кој отвара нови хоризонти на размислување и перцепција. Она што е особено интересно при  учество на проекети со мешана група на учесници, е тоа што секоја минута овозможува ново знаење,  нов поглед и размислување кое  говори дека за се постои план и цел, вредност на секој живот, без разлика на годините, полот или попреченоста. Искуството беше незаборавно.


Print   Email