Трибина за промоција на волонтирање преку EVS ERASMUS +

Трибина за промоција на волонтирање преку EVS ERASMUS +

Младински Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА во соработка со Коалиција СЕГА и Младински Совет Прилеп одржаа „Трибина за промоција на волонтирањето преку EVS Erasmus+ програмата“ по повод 05 Декември - „Интернационалниот ден на волонтеризмот“.

Програмата ја промовираа и презентираа EVS волонтери од Франција и Италија, кои волонтираат во ИНФО СЕГА и Младински Совет.

 

Детално ги претставија постапките и чекорите за волонтирање во Европските држави со целосно покриени трошоци. Оваа програма e отворена и за младите од Македонија кои можат да волонтираат во земјите на ЕУ.

 

Трибината се одржа на 05 декември (понеделник) 2016 година, во просториите на Градската библиотека „Борка Талески“ со почеток од 12.30 часот. На трибината присуствуваа 30 средношколци од средните општински училишта во Прилеп, студенти, претставници на локални невладини организации.


Print   Email