Проект на коалиција СЕГА „Youth information workers fit for youth!“

Проект на коалиција СЕГА „Youth information workers fit for youth!“

Проектот „Youth Information Workers fit for Youth“ ја признава важноста на знаењето како да се опфатат и како да се слушаат младите луѓе со цел да ги поттикнат да станат активни граѓани вклучени во создавање на подобро општество за идните генерации.

Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Регионалниот младински инфо центар во Риека - УМКИ и Агенцијата за ЕвропскоМладинскоИнформирање и Советување (ERYICA) го спроведува проектот Младинските информативни работници подготвени за младите кој започна на почетокот на октомври 2016 година и ќе трае до на крајот на март 2017 година.Целта на проектот е да се подобри квалитетот на информирањето на младите преку развој на Водич за информации за младинскитеработници врз основа на размена на најдобрите практики за работа младинско информирање.

Партнерите, исто така развиваат истражување за идентификување за потребите на младинските информативни работници, кој ќе им даде информации на младински работницитеза начините на споделување на информации за млади, кои алатки или методи ги користат и со какви предизвици се соочуваат во нивната секојдневна работа. Исто така, ќе се собере искуство и идеи за тоа како да се подобри и да се стандардизира Младинскатаинформативнаработа со цел изградба на силна мрежа на младинските информативницентри низ Европа. Истражувањето ќе биде отворена до 20 февруари 2017 година. Анкетата е достапна на слениот линк: https://ec.europa.eu/eusurvey/runner/Survey-IdentifyingTheNeedsOfYouthInformationWorkers

Во март, ќе се одржи петдневна обука во Македонија, каде што претставници на ERYICA и УМКИ ќе споделат алатки, методи и најдобри практики со македонските младински работници.

Во согласност со времето во кое живееме, многу е важно да се слушнатпотребите на младинските работници, за да знаат како да стигнат до младите луѓе и да се комуницира со нив, со цел да ги информираат за сите можности. Можностите ќе им помогнат на младите луѓе да се развиваат и да ги поттикнат да станат активни граѓани вклучени во создавање на подобро општество за идните генерации.

Коалиција на младински организации СЕГА е национална младинска организација која работи на развивање и примена на младинските политики во Македонија, ги поврзува и јакне младите со цел подобрување на нивната општа состојба. Таа е основана во 2004 година со цел да  придонесе за развој и имплементација на Националната Стратегија за Млади на Република Македонија, подобрување на задоволување на потребите на младите.

Европската агенција за Младинско Информирање и Советување(ERYICA) е независна европска организација, составена од национални младински информативни координативни тела и мрежи. Улога на ERYICA е да се поттикне соработка во областа на младинското информирање и услугите на младите, да се развие, поддршка и промовирање на квалитетни информаци,  младински политики и практики на сите нивоа, како и потребите за информации на младите и да се почитуваат принципите на Европската повелба за младинско информирање.

Регионалниот младински инфо центар во Риека - УМКИ е организација со 18-годишнаисторија на спроведување на различни проекти за млади, во насока на подобрување на целокупниот живот на младите луѓе, како и отворање на првиот Младински Информативен центар во Хрватска. УМКИ промовира и имплементира добри практики на младинската работа на локално, национално и европско ниво, еднаквост и толеранција меѓу младите луѓе, без оглед на полот, возраста, расата, националноста и религијата, како и сите форми на образование и доживотно учење. Со тоа УМКИ ги поврзува локалните власти, институции, економии и граѓаните, и се залага за унапредување и реализација на младински политики на сите нивоа со прилагодување на постојните младински прашања во Хрватска, Европа и целиот свет.

 

Проектот е финансиран од програмата Еразмус +.


Print   Email