ИНФО СЕГА го одбележа 21 февруари - „Меѓународниот ден на мајчиниот јазик“

ИНФО СЕГА го одбележа 21 февруари - „Меѓународниот ден на мајчиниот јазик“

По петти пат Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА во соработка со СОУ Ѓорче Петров го одбележува, по повод 21 февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.  

Темата за 2017 година беше „Одржливо идно повеќејазично образование“

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик  21 февруари, (според календарот на УНЕСКО) се одбележува секоја година, уште од февруари 2000 година, за да се промовира јазичната и културната разновидност и повеќејазичноста. Датумот го претставува денот во 1952 година, кога студентите демонстрирајќи за признавање на нивниот јазик, Бангла, како еден од двата државни јазици во тогашен Пакистан, биле застрелани и убиени од страна на полицијата во Дака.

По повод овој ден Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА, го прославува овој ден, преку настан „Ајде да твориме на мајчиниот јазик!“, каде што беа наградени најдобрите дела кои учествуваа на ИНФО СЕГА претходно објавениот конкурс за литературни творби „Креативноста на мајчиниот јазик“.

Трите најдобри литературни творби (од вкупно 17) беа наградени со книги и сертификати, а од сите испратени творби кои учествуваа на овој конкурс ќе биде направена оnline збирка со литературни творби и истата ќе биде поставена на веб страните на ИНФО СЕГА и на веб страната на училиштето.

Прво наградена беше творбата "Сиромаштијата не е пречка да бидам среќна"- Ивана Настеска 1-1 клас

Второ наградена беше творбата "Моќта на волшебните зборови"- Ангела Римчевска 1-2 клас

Трето наградена беше творбата "Бескрајност"- Николче Мојсоски 2-2 клас

Голема Благодарност  до учениците, професорите по македонски јазик, Билјана Тинтоска, Лидија Ристеска и Жанета Видевска и до директорот од СОУ Ѓорче Петров, Дејан Димески од Прилеп кои го поддржаа овој конкурс.


Print   Email