Креативна работилница по повод 8-ми март - Празникот на жената

Креативна работилница по повод 8-ми март - Празникот на жената

На 7ми Март, во Вторник, еден ден пред Меѓународниот ден на жената, во просториите на Младински Информативен Центар ИНФО СЕГА- Прилеп беше одржана креативна работилница. Просториите беа отворени за млади кои на креативен и уникатен начин изработија подароци и честитки.

Работилницата беше по повод 8-ми март, Интернационалниот ден на жената.

На работилницата присуствуваа волонтерите во ИНФО СЕГА од Франција, претставници на ИНФО СЕГА, како и волонтери од Волонтерски Центар Скопје, кои исто така доаѓаат од Франција.

Честитките и подароците кои беа изработени беа продавани на хуманитарен Осмомартовски панаѓур, кој се одржа во просторот на СОУ "Ѓорче Петров"- Прилеп.


Print   Email