Реализирана обука за Застапување и лобирање и Обука за Структурен Дијалог и подготовка на позициски документи

Реализирана обука за Застапување и лобирање и Обука за Структурен Дијалог и подготовка на позициски документи

Во рамки на проектот „Застапување на Граѓанските Организации за активно младинско учество“ Коалиција на младински организации СЕГА во период од 31.05.2018 година до 03.06.2018 година ја реализира обуката на тема „Застапување и лобирање и Обука за Структурен Дијалог и подготовка на позициски документи“ во хотел Амбиент во Струга.

На обуката присуствуваа 12 учесници, преставници на партнер организациите на проектот МИРР и ЛАГ АГРО Лидер од Кривогаштани, двајца преставници на општина Кривогаштани и претставници на Коалиција СЕГА. Учесниците се стекнаа со основно знаење за темите и ќе дејствуваат за зајакнување на дијалогот помеѓу ГО, младите и донесувачите на одлуки на локално ниво.

На обуката се користеа интерактивни методи, игри на улоги, работа во мали групи, студии на случај и презентации преку кои учесниците се стекнаа со вештини и различни техники за практикување на стекнатото знаење за лобирање и застапување и Структурен дијалог.

Земајќи ги во предвид постојните капацитети на младите и важноста на улогата на ГО, неопходно е да се обезбеди дополнителна поддршка тие да се запознаат со методот на Структурен Дијалог и неговата практична примена но воедно и да се развијат нивните капацитети за подготовка на позициски документи.

Преку сетот на активности на овој проект ќе се делува да се постигне поголема посветеност и капацитет на ГО кои ги застапуваат младите со цел да им се овозможи и право на глас и можност за влијание врз процесите на донесување на одлуки. Обуката генерално ќе придонесе кон подобрување на функцијата и улогата на ГО и Советот на млади во општина Кривогаштани.

Проектот е финасиран од програмата за мали грантови на Преда Плус преку проектот „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации“. Проектот е финансиран од Европска Унија. Референца: EuropeAid / 151569 / DD / ACT / MK


Print   Email