Разменети најдобрите практики на тренингот за младински информативни работници во Струга

Разменети најдобрите практики на тренингот за младински информативни работници во Струга

Во моментов во Струга се одржува тренинг за младински информативни работници.
На тренингот учествуваат 6 младински информативни работници од Македонија, Хрватска и Луксембург.

Тренингот се спроведува како една од активностите во рамки на проектот „Младинските информативни работници подготвени за младите“ кој започна на почетокот на октомври 2016 година и ќе трае до на крајот на март 2017 година.
Целта на проектот е да се подобри квалитетот на информирањето на младите преку развој на Водич за информации за младинските работници врз основа на размена на најдобрите практики на работа за младинско информирање.
Проектот го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Регионалниот младински инфо центар во Риека - УМКИ и Агенцијата за Европско Младинско Информирање и Советување (ERYICA)

На првиот и вториот ден младинските информативни работници се обучуваа за онлајн младинското информирање: различнити канали и алатки за информирање, прилагодување на информациите за потребите на младите, истражување, сигурнно и навремено информирaње. 

Во текот на вчерашниот ден и денес се работи на разменување на практики за  воспоставување на младински информативни центри и точки, вмрежување, изнудување на поддршка и насочување за нововоспоставените младински информативни центри. Исто така ќе се финализира Водичот за информации за младинските работници врз основа на размена на најдобрите практики на работа за младинско информирање, што е и една од основните цели на овој проект.

За време на овој тренинг исто така се организираа и кратки екскурзии во градовите Охрид и Струга, со цел младинските информативни работници да запознаат со историјата на овие градови, се посетија цркви, споменици и останати знаменитости.


Print   Email