Инфо ден со деца правобранители

Инфо ден со деца правобранители

На 22.03.2017 година во дворот на основното училиште „Тошо Велков - Пепето“ од Кавадарци, се одржа инфо ден со децата правобранители од истото училиште.

Целта на овој инфо ден беше учениците да се запознаат со нивните детски права, со  децата правобранители и нивните обврски во поглед на заштитата на детските права.
За таа цел децата правобранители беа симболично облечени со маици со натписи „Јас сум дете правобранител“ и „Прашај за своите права“, се доделуваа промотивни материјали (брошури), се користеа хамери и траки на кои беа испишани детските права и рамки за фотографирање, кои ги изработија децата правобранители.
Овој настан, како активност е дел од проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ кој го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА.

Повеќе фотографии од настанот погледнете на следниот линк.


Print   Email