Одржана првата презентација за натпреварот за најдобар мултимедијален продукт на тема „Трговија со луѓе“

Одржана првата презентација за натпреварот за најдобар мултимедијален продукт на тема „Трговија со луѓе“

Во СОУ „Ѓорче Петров“ беше одржана првата презентација за натпреварот за најдобар мултимедијален продукт на тема „Трговија со луѓе“, организиран од Здружение Отворена Порта во соработка со Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА- Прилеп.

На ден 30 март 2017 година (четврток) во СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп беше одржана првата презентација за промоција на проектот за најдобар мултимедијален продукт на тема „Трговија со луѓе“. На презетацијата учениците се запознаа повеќе со темата за трговија со луѓе и за критериумите за учество на натпреварот. Презентациите опфатија околу 150 ученици од 1ва до 4та година.

Презентациите за натпреварот ќе продолжат и во текот на наредната недела во останатите средни училишта како и на Економскиот Факултет во Прилеп.


Print   Email