Во центарот на Прилеп одржан ИНФО ДЕН по повод Европската недела на млади

Во центарот на Прилеп одржан ИНФО ДЕН по повод Европската недела на млади

Денес во центарот на Прилеп беше одржан ИНФО ДЕН организиран од Коалиција на младински организации СЕГА заедно со Младински Инфомративен центар ИНФО СЕГА и Младински Совет Прилеп по повод Европската недела на млади 2017 година.

Под слоганот “Shape it, move it, be it”, по повод Евроската недела за млади која трае од 01 – 07 мај, се презентираа ЕУ можности за мобилност, солидарност, инклузија, демократија и активно граѓанство. Оваа недела 33 земји учеснички во Еразмус+ програмата ќе одржат конференции, работилници и настани на отворено каде што младите ќе имаат можност да се информираат за новиот Европски Солидарен Корпус, да научат повеќе за Еразмус+ и да се вклучат во младинската политика.
На ИНФО денот во Прилеп локалните млади имаат можност да се информираат за Еразмус+ програмата и за кампањата Информирај се СЕГА!

 

На ИНФО ДЕНОТ се направи и промоција на Првата Мобилна Апликација Млади АМС, за младинско информирање која е достапна на Google Play. На поставениот штанд беа поделени промотивни материјали и информации за мобилната апликација меѓу младите. Преку мобилната апликација младите ќе бидат информирани за стипендии, обуки, семинари и за сите можности кои им се нудат.


Print   Email