Промоција во City Mall Skopje за првата мобилна апликација за младинско информирање

Промоција во City Mall Skopje за првата мобилна апликација за младинско информирање

#ИнформирајсеСЕГА!Кампањата за младинско информирање во Македонија „Информирај се СЕГА!“ 

Која ја спроведува Коалиција на младински организации СЕГА заедно со Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенција за млади и спорт и Волонтерски центар Скопје ја промовираше Првата мобилна апликација за младинско информирање во Македонија – МЛАДИ АМС.

На 6 Мај 2017 во  Сити Мол во Скопје  се одржа првата промоција  мобилната апликација  Млади АМС. Младите и сите присутни кои во саботата се најдоа во Сити Мол во Скопје им беше поделен промотивен  материјали и информации за мобилната апликација, воедно  и  беа споделени директни инструкции за инсталирање на аплиакцијата на нивниот паметен мобилен апарат.

Апликацијата со функционирање официјално започна од 1ви Мај 2017 и истата може да ја инсталирате преку Google Play , до крајот на месец Мај и корисниците на Apple store ќе можат да ја инсталираат  оваа апликација на својот паметен мобилен апарат. Преку мобилната апликација младите ќе бидат информирани за вработување, стипендии, обуки, семинари и за сите можности кои им се нудат.

 

Оваа активност беше спроведена од страна на Волонтерски Центар Скопје која е дел од кампањата и е регионална канцеларија на Коалиција на младински организации – СЕГА.


Print   Email